Еден од најмоќните медиумски тајкуни, Руперт Мурдок (91), само шест месеци по разводот е фотографиран на една од плажите на Барбадос со својата нова партнерка Ен-Лесли Смит.
Милијардерот е виден на Барбадос во друштво на 66-годишната Ен-Лесли, вдовица на американската ѕвезда на кантри музиката Честер Смит.
Двојката се запознала во ноември минатата година, а фотографите сега ги „уловиле“ на плажа.
Ен-Лесли дипломирала на универзитет во 1980 година и пред да се омажи за покојниот пејач, кој исто така поседувал 13 телевизиски станици во Калифорнија и Орегон, била во принуден брак за кој, како што изјави во една прилика, ја навел да го пронајде Бог и да стане полициски капелан во Калифорнија.
Една од нивните фотографии од Барбадос, масовно се споделува на социјалните мрежи и додека многумина ја споредуваат со фотографиите од пред 6 години на кои тој е заедно со поранешната сопруга Џери Хол, други коментираат дека неговата нова девојка изгледа како да го шета дедо ѝ на плажа.
Таа денес работи како водителка на локално радио и не крие колку ѝ значи верата во Бога.
„Кога почнав ‘да одам’ со Бога, работите ми изгледаа бесмислени“, изјави Ен-Лесли за американската христијанска радиодифузна мрежа.
За потсетување, 91-годишниот Руперт зад себе има 4 брака. Тој беше во брак со поранешната стјуардеса Патриша Букер од 1956 до 1967 година и со новинарката Ана Торв од 1967 до 1998. Потоа се ожени со претприемачката Венди Денг, 38 години помлада од него, но поднесе барање за развод во 2013 година. Џери Хол поднесе барање за развод во јули минатата година, а медиумите објавија дека нејзината навика за пушење цигари придонела за пропаѓање на бракот со милијардерот.