Пејачот Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована денес прославуваат осум години од првата венчавка, а преубавата водителка по тој повод на својот Инстаграм профил објави фотографија од венчавката.
– Осум години од нашата прва венчавка. Жељко како да беше вчера. Те сакам, напиша Јована.
Инаку, љубовта помеѓу Јована и Жељко се случи во 2008 година кога заедно ја водеа Евровизија во Белград, а се венчаа најпрвин во 2012 година на Малдивите, за две години подоцна, поточно на 14-ти септември 2014 година да огранизираат и црковна венчавка и голема забава во Белград.
Парот го има синот Коста, и ќерките Ана и Срна.