Глумицата Сeлма Хајек ужива во летниот годишен одмор во Грција, а своите фанови ги чести со фотографии од одморот речиси секој ден. 53-годишната актерка сподели фотографија во темно сино бикини кое ги истакна нејзините облини.
Фотографијата собра 900.000 лајкови, а фановите не штедеа комплименти.
„Вие буквално изгледате како грчка божица“, „Дали сте сигурни дека имате 53 години?“, „Една од најубавите жени на светот“, „Колку си убава“, се само некои од илјадниците коментари.
„Убавице“, напиша нејзината колешка Ева Лонгорија, а наскоро се јави и Зое Салдана.
„Женооо“, напиша кратко.
Инаку, Селма го поминува годишниот одмор со сопругот, милијардерот Анри Пино.