646
Јелена Ѓоковиќ на своите социјални мрежи често ги изненадува своите следбеници со совети за готвење и саморазвивање, но жените убедливо најмногу се ентузијасти за нејзините совети за нега на лице и тело.
Како застапник на природните препарати за нега на лице и тело, Јелена неодамна на својот инстаграм – профил откри дека повеќе не го заведува Новак со скапи парфеми.
Имено, таа неодамна откри дека користи природни есенции на мириси, што предизвика целосна збунетост меѓу обожавателите на парот на споменатата социјална мрежа, пишува „Стори“.
– Одамна не користам парфеми, само етерични масла, ја открила својата тајна Јелена.
И додека едни го поддржаа нејзиниот став, други мислат дека сопругата на најобриот светски тенисер малку претерува.