Најмалку 28 лица, од кои 20 деца се повредени во забавниот парк Сан Хозе де ла Ринконада во близина на Севиља.
Според шпанските медиуми, вртелешката пукнала на два дела и се распаднала.
Според очевидците сцената била како од хорор филм, бидејќи откако вртелешката се преполовила децата почнале да паѓаат од седиштата, а некој скокале од неа. Оние кои паднале на земја, ги приклештил металот од вртелешката кој се распаднала.
Од службата за вонредни ситуации соопштиле дека девет лица веднаш се пренесени во болница.
Пред да се случи несреќата, безбедносната инспекција утврдила дека е се во ред со вртелешката.