Колку и жените да се убедуваат дека тие се посложени битија од момците, тоа во реалноста и не е баш така. Многумина припадници на посилниот пол, имаат однапред зацртани критериуми кои нивната совршена жена треба да ги исполни. А еве и кои се нивните барања, кога е совршената жена во прашање:
Самодоверба
Момците ги сакаат жените кои имаат свој став и свое мислење. Колку и да ви се чини дека мажот сака потполна доминација во врската, нема ништо подосадно од жена која се согласува со се и ги гази сопствените зборови. Освен тоа, не дозволувајте себеси да се жалите за својот изглед во присуство на мажот. Нема ништо подобро од жена која одлично се чувствува во својата кожа и отворено тоа го покажува.
Смисла за хумор
Ова е дефинитивно една од пресудните карактеристики на совршената жена. Заедничката смисла за хумор ја оддржува врската здрава и во некои не толку позитивни ситуации дава зрак светлост.
Почитување на приватноста
Одолејте да желбата да му го проверите телефонот и немојте да го спречувате да се дружи со пријателите и без вас. Дозволете си себеси и нему самостојно време во кое ќе правите нешто што не правите кога сте заедно.
Таинственост и непредвидливост
Не му допуштајте никому да ве чита како отворена книга. Изненадете го драгиот со нешто што никогаш не би го очекувал, покажете му некои вештини кои ги поседувате, а кои претходно не сте му ги откриле и никогаш никому немојте да ги кажувате вашите тајни.
Цврст карактер
Немојте да се преправате дека сте нешто што не сте. Покажете го своето вистинско лице и карактер и бидете верни самите на себеси.
Насмевка
Вашата насмевка може да го поправи расположението на вашиот партнер. Смејте се почесто, искрено и со љубов.