По примерот на Италија и Шпанија, и во Делчево се појави иницијатива сите да излезат на балконите и со аплауз да ги поздрават здравствените работници кои се жртвуваат за здравјето на луѓето.
И токму тоа се случи. Речиси цело Делчево излезе на своите тераси и со силен аплауз ги поздравија луѓето кои се во првата борбена линија со коронавирусот.