Жителите на швајцарското гратче Олтен ги изненади невообичаеното „невреме“ кога среде лето почна да паѓа снег и тоа чоколаден.
„Снегот“ од честичките на какао правот бил расфрлен по целиот град по дефектот во системот за вентилација во блиската фабрика за чоколади “Lindt & Spruengli”.
Фабриката ги потврди написите на локалните медиуми дека навистина дошло до мал дефект во системот за ладење во погонот каде што се пржи какаото во нивната фабрика во Олтен, сместена помеѓу Базел и Цирих.
Фабриката соопштила и дека е подготвена да го плати миењето на автомобилите кои се покриени со какаото, но, засега, сè уште никој не се јавил да ја прифати нивната понуда.
Производство продолжило нормално. Од компанијата велат дека правот од какао нималку не е штетен за околината и луѓето. Системот за вентилација, во меѓувреме, го поправиле.