Рано утрово затворската полиција во затворот во Идризово направила голема акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Во акцијата била вклучена и градежна механизација.
Неофицијално, во акцијата е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри – објави република.мк.
Недостасувале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а во кој имаше и потпорни греди. Осветлувањето било решено со пуштен кабел со светилки.
Според информациите тунелот се копал најмалку 4 до 5 месеци наназад.