Туристите од Србија во Македонија ќе бидат ослободени од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август, одлучи синоќа владата во Скопје. Оваа одлука е во знак на благодарност за вакцината против ковид 19 кои што Белград му ја даде на Скопје
Министерството за финансии треба да префрли средства во износ од 172 милиони денари за набавка на 200 000 картички на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини.
„Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на буџетот на Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Северна Македонија преку граничниот премин ‘Табановце”’,соопштија од Владата.