Горан Бреговиќ низ белградските улици се вози во најмалку триесет години стар Трабант.
Камерите на српскиот Папарацо го снимиле зад воланот на жолт трабант, веднаш откако влегол во зградата со луксузни станови во комплексот Белград на вода.
– Горан Бреговиќ вози Трабант, а ги гледа најскапите станови во Белград – стои во објавата на емисијата.
Инаку, Трабант се произведуваше од 1957 до 1991 година. До обединувањето на Германија и престанокот на производството во 1991 година, произведени се околу три милиони трабанати.