Индиската полиција формирала во вторникот специјална истражна единица за истрага на смртта на девојка којашто ја запалил маж кој ја следел и чијашто понуда за брак ја одбила, во случај кој го разгори гневот во земјата која е на лош глас поради насилствата над жените.
Тврдокорните хиндуистички групи повикаа обвинетиот за убиството муслиман да биде осуден на смрт. Полицијата наведе дека обвинетиот живее во истото место како и жртвата, во округот Думка во источната сојузна индиска држава Џарканд.
Полицијата објави дека мажот жртвата идентификувана како Анкита Кумари минатиот вторник обвинетиот Шахрук Хусаин ја полеал со керозин низ прозорецот од нејзиниот дом додека спиела и ја запалил. Анкита починала со тешки изгореници во неделата во болница.
„Двајца високи функционери се прекомандувани во градот и тие ќе ја координираат истрагата со окружниот началник на полицијата“, изјавил за медиумите Амол В. Хомкар, портпарол на полицијата во Џарканд. Додал дека обвинетиот и неговите помагачи се уапсени.
Светскиот хиндуистички совет (Вишва Хинду Паришад) соопшти дека мнозинската хиндуистичка заедница ќе излезе на улиците во знак на протест, доколку не бидат преземени соодветни мерки. Поради тоа, властите на округот ги ограничија движењето на луѓето.
„По свирепоста над Анкита, нејзината смрт го натера секој Индиец да ја наведне главата од срам. Денес постои најитна потреба за создавање безбедно опкружување на жените во земјата“, објави на Twitter Рахул Ганди, челник на главната опозициска Конгресна партија.