Американскиот претседател Доналд Трамп кој синоќа беше хоспитализиран во воената болница Валтер Рид, откако му беше дијагностициран коронавирус, го прими лекот Ремдесивир.
“Вечерва со задоволство можам да известам дека претседателот е многу подобро. Не му е потребен дополнителен кислород, но во консултација со специјалисти избравме да започнеме со терапија со Ремдесивир. Претседателот ја доби првата доза и удобно мирува”, извести лекарот на Трамп.
Ремдесивир е антивирусен лек развиен од Gilead Science. Првенствено е наменет за третман на ебола и се покажа како релативно ефикасен во борбата против коронавирусот, односно во скратувањето на периодот на опоравување на пациентите со Ковид-19.
За Ремдесивир многу се зборуваше уште во април. Клиничкото испитување во САД покажа дека лекот ги ублажува симптомите, повеќе кај пациенти со Ковид-19 кои го примале лекот во раната фаза отколку кај оние кои го примиле подоцна, објави компанијата денес.
Пациентите со Ковид-19 кои земале Ремдесивир се опоравиле 30 проценти побрзо од оние на плацебо, покажа студијата. Ова беше прво клиничко испитување спроведено во согласност со златните правила на клиничките испитувања – тестирање на лекови со контролна група и на доволно голем примерок, што покажа ефикасност на лекот против Ковид-19.
Еурорегулаторот условно ја одобри употребата на лекот произведен од Gilead Science Inc. за пациенти заразени од Ковид-19, што е првиот лек што доби препорака на Стариот континент.
„Просечното време на опоравување кај пациентите третирани со Ремдесивир беше 11 дена во споредба со 15 дена, што е должината на опоравувањето на оние во контролната група“ – објави институтот NIAID.
Неговиот водач, Ентони Фаучи, во средата изјави дека податоците покажуваат јасен, значаен и позитивен ефект на лекот врз скратувањето на времето на опоравување и се важен доказ дека лекот „може да го блокира вирусот“.
Овластувањето за итни случаи на ФДА дозволува лекови да се пуштаат на пазарот за време на кризи во јавното здравство и не бара вообичаено „суштинско“ ниво на докази.
Овластувањето за итна употреба предупреди на можни несакани ефекти, вклучително и „зголемено ниво на ензими на црниот дроб, што може да биде знак на воспаление или оштетување на клетките во црниот дроб; и реакции поврзани со инфузија, кои можат да вклучуваат низок крвен притисок, гадење, повраќање, потење и треперење“.
Овластувањето предупредува на можни други сериозни несакани ефекти кои сè уште не се откриени.