Во последните неколку часа на социјалните мрежи се рашири видео и стана вирално кое го прикажува претседателот на Јужен Судан, Салва Киир Мајардит како се измочал во своите панталони за време на јавен настан.
На Мајардит (71) малерот му се случил додека свирела државната химна.
За негова несреќа, бидејќи настанот се пренесувал во живо на телевизија, ништо не можело да се направи за да се поправи непријатната ситуација.
Се верува дека Мајардит страда од инфекција на уринарниот тракт, која е честа појава кај постарите мажи.
Виралното видео предизвика мешани реакции на социјалните мрежи.
Некои корисници ги обвинија камерманите дека вршат „валкана работа“, додека други рекоа дека ја прават вистинската работа со тоа што го изложија претседателот како медицински неподобен да води држава.
The president of #SouthSudan, Salva Kiir Mayardit, peed himself in public while opening a road project. pic.twitter.com/qDCmkhYBUm
— NEXTA (@nexta_tv) December 15, 2022