“КАКВО ЗАЕДНИЧКО ПАТУВАЊЕ МАРИЈАН. 15 ГОДИНИ!“: Ѓоковиќ со емотивна порака до Вајда

by Тони Зографски

Новак Ѓоковиќ вчера се раздели со долгогодишниот тренер Маријан Вајда, а денеска истото го потврди преку социјалните мрежи.

Србинот му испрати емотивна порака на Словакот, кој беше крај него уште од 2006 година.

“Какво заедничко патување Маријан. 15 години! Бевте покрај мене во најважните и незаборавни моменти во мојата кариера. Заедно го постигнавме недостижното и вечно ќе ви бидам благодарен за пријателство и посветеност. Секогаш ќе ми биде семејство и не можам да ви се заблагодарам доволно за сè“ напиша Ѓоковиќ на Фејсбук.

Инаку, Ѓоковиќ и Вајда ја договорија разделбата уште по завршувањето на минатата сезона, а сега ја официјализираа. Всушност ова е втор прекин на соработката помеѓу двајцата, бидејќи се разделија кратко и во 2017 година, но Словакот потоа повторно се врати во таборот на Србинот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com