“КАКВА СРАМОТА Е ОВА? ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ГИ СОВЕТУВА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ЗА ИВЕРМЕКТИН СО ТЕКСТ ОД ПОРТАЛ“ – реагира д-р Лазаров

by Тони Зографски

Министерството за здравство утринаваи информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид 19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид 19.

-Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат прoтоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот, информираат од Министерството за здравство.

По тој повод преку својот Фејсбук профил со статус реагираше матичниот лекар Ненад Лазаров.

“Каква срамота е ова?

Вчера Лекарска Комора на мејл кај лекарите низ Македонија дисперзира текст насловен:

“МИСЛЕЊЕ ЗА УПОТРЕБА НА ИВЕРМЕКТИН КАЈ ПАЦИЕНТИ СО COVID-19

Од стручниот колегиум за ЈЗУ Униоверзитетска клиника за пулмологија и алергологија и COVID-19 центрите при интернистичкиот блок “

Го објавив интегрално.

Текстот е плагијат, автор на оригиналниот текст е Марјан Божиновски (кој нема никаква врска со наведениот колегиум) и истиот е објавен во списанието Емитер во Август годинава.
Ова е голем скандал и за ова треба некој да одговара!“,  напиша доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com