Метео порталот “AccuWeathera” објави дека во многу делови на Европа оваа година пролетта ќе стигне порано, додека во други зимата ќе се задржи подолго.
Во западна Европа цела пролет ќе биде со умерени температури и ако планирате да одите на пролетен одмор најдобри опции се Шпанија, Португалиј и југот на Франција каде се очекуваат натпресечни температури, па дури и до 27 степени.
Во централна Европа се очекува продор на ладен воздух. Источна Европа најдолго ќе чека до пролетните температури, бидејќи ладниот воздух ќе се задржи на тоа подрачје, а може да падне и снег.
На Балканот зимата ќе се задржи и во март, а можен е и пролетен снег. Високиот притисок над западна Европа ќе овозможи ладниот воздух од Русија да дува се до јужниот Балкан.