Рис Витерспун и нејзината ќерка Ава присуствуваа на настан на Tiffany & Co. по повод лансирањето на новата колекција „Blue Book“.
48-годишната актерка и 24-годишната девојка изгледаа како сестри облечени во елегантни стајлинзи. Младоликата ѕвезда од филмот „Legally Blonde“ шармираше во црна креација со шлиц, додека Ава за оваа пригода избра сив фустан од Alberta Ferretti.
И двете носеа блескав накит од Tiffany & Co.