Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук ја критикуваше власта дека се неспособни поради тоа што Македонија е една од ретките земји во регионот во кои вакцинацијата против ковид-19, сè уште не е почната.
– Каква вакцинација!!! Овде вакцините нема да стигнат ни во јуни. Уште им верувате дека ги нарачале? Уште не сфативте колку се неспособни? Епски неспособни! Еј на Србија ѝ стигнаа милион вакцини од Кина и три тона вухански лилјаци за слободно да замезат после вакцината. Пред две недели им стигнаа 500 илјади од руската вакцина „Спутник“. Па „Фајзер“ добија колку со нив пикадо да си играат. Нашиве една вакцина не можат уште да увезат. Таква неспособност мајка само еднаш раѓа. Оставете, решиле сите да прележиме ковид. Мислам, кој прележи, прележи, кој не – здравје Радово – напиша Тасевски.