Казнет возач кој со „корса“ возел по тартан патеката во Градски парк (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Полицијата реагираше откако на социјалните мрежи се појави видео од автомобил „опел“ како вози по црвената тартан патека инаку наменета за џогирање и пешачење во градскиот парк во Скопје.

-Денеска (22.05.2022) по претходно добиени информации дека околу 12.30 часот автомобил „опел корса” се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, веднаш се преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје. Лицето е пронајдено и утврдено дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје, велат од МВР.

Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com