Македонија е во шок, откако изутринава почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски. Тој немал никакви здравствени проблеми, а според информациите починал од инфаркт.
Имено, градоначалникот починал во возилото за Брза помош, кое веднаш се упатило кон ЈЗУ „Кардиолошки завод“ – Охрид, но не издржал.
Јован Стојаноски беше професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, после победата во првиот круг од Локалните избори.