Авиокомпанијата Virgin Atlantic ќе им дозволи на вработените сами да одберат дали ќе носат панталони или сукњи, без разлика дали се мажи или жени.
Авиокомпанијата Virgin Atlantic соопшти дека нивните стјуардеси, пилоти и други вработени можат да одберат каква униформа ќе носат, во зависност од тоа во што се чувствуваат најудобно.
Додека некои компании го нормализираа патиките наместо штиклите за жените во униформите, во оваа авиокомпанија, отсега жените, но и мажите ќе можат да избираат помеѓу здолниште и панталони, па дури и штикли.
Компанијата ги сподели новостите објавувајќи неколку видеа на социјалните мрежи.
„Нашите униформи дизајнирани во 2014 година од Вивиен Вествуд се направени за сите. Новиот кодекс за униформи им овозможува на луѓето да ја носат униформата која им одговара и со која можат да се искажат.
Сакаме да создадеме околина на свесна инклузија и да им овозможиме на луѓето да го покажат своето вистинско јас на работа и кога патуваат со нас“, стои во описот на една од објавите.
https://twitter.com/i/status/1575032743452606464