60-годишната Италијанка вадела семки од маслинки за време на сложениот оперативен зафат кој го вршеле врз нејзиниот мозок тимот од хирурзи, потребни како главна состојка на еден италијански кулинарски специјалитет.
Операцијата, изведена од неврохирурзи во болница во Анкона, траела два и пол часа. На пациентката, која цело време била будна, успешно и е отстранет туморот на левата страна на мозокот, пишува италијанската агенција „Анса“.
„Овој метод ни овозможува да ја следиме состојбата на пациентот и функцијата на мозокот и помага постепено да ги зголемуваме активностите за време на операцијата“, објасни д-р Роберто Трињани, кој водеше тим од 11 специјалисти кои учествуваа во операцијата.
Тој рече дека тоа е „awake“ метод за време на кој пациентот се чува буден и го прави она што самиот ќе го одбере.
“Пациентите се будни за лекарите да забележат одредени невролошки состојби во делови од мозокот кои влијаат на видот, подвижноста или говорот. Тие често му поставуваат прашања на пациентите во текот на постапката. Центарот за говор, меморија и контрола на движењето се наоѓа во левиот временски лобус, објаснил д-р Трињани.
Инаку, тимот на д-р Трињани во последните пет години изврши околу шеесет слични операции.