Иако дебатата за вистинската ефективност и степенот до кој ќе се наруши приватноста, слободите и правата на граѓаните, во Европската унија и Америка, по примерот на некои азиски земји и Израел, се прават подготовки за воведување на телефонски апликации за следење и алармирање на граѓаните за заканата од лицата со коронавирус во нивна близина.
Во исто време, засега, со скромно внимание, се разви дебата во Белгија и Франција за тоа дали вакцината за коронавирусот, на чија изработка работат многу земји, ќе содржи и микроскопски нано-чип, кој би бил внесен во телото на луѓето што треба да се вакцинираат.
Засега, експертите главно се воздржани и чекаат на доволни проценки и знаења за можните видови вакцини. Но, белгискиот доктор, поборник за природните лекови и третмани, д-р Тери Шмиц, педагошки директор на Европскиот институт за природна медицина, силно привлекува внимание и тврди дека, во соработка со Светската здравствена организација, фондацијата „Бил Гејтс“ се финансирани седум проекти за вакцина против коронавирусот, меѓу кои и воведување на нано-чип во човечкото тело.
Нано-чипот би им овозможил на „надлежните институции“, здравството и другите органи целосно да го следат она што се случува во телото на граѓанинот, како и каде се движат и со кого се во контакт, но идентитетот на граѓаните мора да остане таен.
Белгискиот доктор смета дека тука лесно може да се премине линијата помеѓу контролата на заразата од вирусната инфекција и надзорот на граѓаните воопшто и особено го истакнува фактот дека веќе имало промена во потрага по вакцина што би била вградена во човечкото тело како „тетоважа“.
Шмиц тврди дека Бил Гејтс веќе инвестирал 250 милиони долари во истражување за пронаоѓање вакцини против коронавирусот, и вели дека оние кои би се вакцинирале со нано-чипови, би добиле и некој вид „пасош“ што ќе го потврдува тоа, и наведува дека ваков експеримент со чип-вакцина е извршена врз три илјади бегалци во Тајланд.
Водечкиот американски виролог, Енди Гаучи предупредува дека пандемијата со коронавирусот повторно ќе го нападне светот на есен, германската канцеларка, Ангела Меркел изјави во Парламентот дека „сè уште газиме на прилично тенок мраз и сè уште сме на почетокот на пандемијата“.
Затоа, Германија одлучи да воведе во рок од две до три недели можност, граѓаните кои сакаат да го сторат тоа, да инсталираат на своите смартфони и други мобилни телефони ново развиена апликација за следење на нивното движење и да добиваат информации за лица кои се заразени со коронавирусот и кои се во нивна близина.
И кај нас се воведе апликација „СтопКорона“, со цел сузбивање на ширењето на пандемијата.