Луксузниот моден бренд „Balenciaga“ и понатаму не престанува да изненадува со своите новитети.
На дизајнерот Демна Гвасалија бизарноста не му е непозната, а новите торби не се исклучок. Вреќите за отпад за првпат беа претставени на ревијата на „Balenciaga“ во март, која се одржа во Париз.
Кога креативниот директор ја претстави својата колекција за есен/зима 2022 година, на писта прекриена со снег, моделите прошетаа носејќи пластични вреќи за отпад.
Ваквиот моден „аксесоар“ доби многу поделени коментари, но едно е сигурно – привлече големо внимание на ревијата посветена на климатската криза и војната во Украина. Вреќите за отпад со потпис на модниот бренд ќе бидат достапни за купување по цена од околу 1790 долари.
Производот е наречен „Trash Pouch“, а истиот е инспириран од обичните вреќи за отпад и доаѓа во 3 бои: црна, сина и бела. Вреќите имаат и врвки – црните и сините вреќи имаат црни врвки, додека белите вреќи доаѓаат со црвени врвки.