Кога ФБИ во август годинава упаднал во имотот на Доналд Трамп каде што живее со Меланија, сите мислеле дека поранешната прва дама ќе има што да каже. Но, таа и овој пат молчела.
„Зошто би се огласила. Секогаш мислела дека ако молчи, сите скандали едноставно ќе исчезнат“, изјавила во таа прилика личност запознаена со односите со јавноста на Трамп.
Иако јавноста умира да знае каде е Меланија и со што се занимава откако и заврши мандатот во Белата куќа – одговорот е дека таа се повлече во мирот и тишината на имотот Мар-а-Лаго на Флорида.
Деталите од споменатиот претрес стигнаа до јавноста и сите беа изненадени кога дознаа дека Меланија има посебна спална соба од онаа на Доналд, и дека ги поврзува само заеднички плакар.
Многумина беа шокирани од фактот што Меланија не ја искористи својата популарност по напуштањето на Белата куќа и дека не продолжи со бизнис што ќе ѝ овозможи да остане згрижена и по смртта на Доналд. Но, извори блиски до поранешната прва дама велат дека нејзин единствен приоритет се „нејзиниот дом и нејзиниот син“.
Нејзиното последно појавување во јавноста беше на погребот на Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп. Меланија на збогувањето со поранешната сопруга на Доналд се појави облечена во црно, достоинствена и заносна.