Полицијата од вчера попладне трага по Сашо Мијалков. Екс директорот на УБК го бараат за да му достават наредба за куќен притвор издадена од Судот.
Две полициски возила се пред зградата каде што живееше поранешниот директор на УБК, во скопската населба Капиштец.
Инаку сега, неговото живеалиште е на Водно, каде што исто е видливо полициско присуство. Полицијата е стационирана кај хотелот „Панорама“, односно пред слепата уличка која води кон живеалиштето на Мијалков.
Неофицијално наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во кој тој е осомничен.
Засега МВР не се огласува по повод потрагата за екс директорот на УБК.
.