Во Фејсбук групата „Grčka uživo“, една жена од Србија која сакала да остане анонимна, побарала помош од останатите членови околу една „многу деликатна работа“. Имено, како што напишала, таа и сопругот слават 20 години брак, а како изненадување таа сакала да му го сервира неговото омилено јадење – прасечка „бајадера“. Проблемот е, како што вели таа, е што не знае никој во Грција кој би ѝ го подготвил јадењето и ги замолила луѓето во оваа група за совет.
Меѓутоа, тука не бил крајот на списокот на омилени јадења и жената навела дека, криејќи од сопругот, во Пефкохори би носела и 5 килограми руска салата, торта „Реформа“… Како што напишала, најголем проблем ѝ се цариниците бидејќи не знае што се случува во случај тие да ја откријат тортата и руската салата.
„Имам едно прашање. Сопругот и јас оваа година славиме 20 години брак, се запознавме во Пефкохори. Сега, би сакала да му приредам изненадување. Тој многу сака свински „бајадери“, па ме интересира дали некој на Халкидики ги прави истите? Ако не, дали имате некој да ми препорачате таму да ми подготви, парите не се проблем. Исто така, би носела торта „Реформа“ и руска салата оттука, бидејќи во апартманот тој ќе ги види, па полесно ми е да ги скријам во оние чинии со храна 5 килограми руска салата и торта во делови.
Она што ме интересира е дали цариниците би ми правеле проблем ако тоа случајно го пронајдат во торба? Досега никогаш не сме имале проблем, секоја година носиме замрзната храна, но не сум размислувала. Овојпат сакам се да биде како што треба, па затоа се грижам. Не би сакала нешто да ја упропасти годишнината, а многу сакам да го изненадам. И двајцата уживаме во грчка храна, но овојпат баш сакам да му угодам“, напишала таа.
„Како прасе без салата?“
Она што на корисниците прво им „паднало во очи“ е количината на руска салата која оваа жена од Србија планира да ја носи со себе.
„Па понесете и цело прасе, не оди толку руска салата без печење“, „Мајонез од Србија до Грција на 50 степени. Интересно…“, „Понесете и прасе и прославете ја годишнината во кругот на цариниците“, „А кај се кифлите?“, „Малку е 5 кила руска салата, а 20 години брак… требало барем канта од 20 кила“, гласат дел од урнебесните коментари под објавата.