Претседателот на Советот, Трајко Славевески на вонредната советничка седница се симна од своето место и го одзема микрофонот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, која во истиот момент зборуваше за криминалите ВМРО-ДПМНЕ.
-Сите се малтретирани овде поради вас, дополнителни три часа. Досега ќе ја изгласавме иницијативата. Не се расправајте со советниците. Поради вашето вакво однесување, се малтретираме овде, ѝ рече Славески
Таа му одговори дека не може повеќе да се однесува како деспот.
-Сметам дека не треба да ви се дозволи правото тука да можете со копче некому да кажете кога ќе може, а кога ќе треба да престане да говори затоа што правото на градоначалникот е неприкосновено, кажа Арсовска по што Славески стана од своето столче дојде до говорницата и го зеде микрофонот на кој говореше Арсовска