Педесет и осум годишниот Пепи Тодорчев, кој со семејството долги години живееше во Чикаго, САД пред два дена починал од корона вирус- објави ктв.мк. Позитивни на вирусот се и сопругата и едно од трите деца, односно, постарата ќерка.
Во тек е донаторска акција, со цел финансиски да се помогне на неговите најблиски.
Од семејството на Тодорчев велат дека собраните средства ќе и помогнат на фамилијата да ги покрие погребалните трошоци, медицински трошоци, кирија, храна и месечни сметки, бидејќи тој бил единствениот вработен во семејството.
Со донаторската акција планирано е да се соберат 75.000 долари, а досега се собрани над 40 илјади долари.
Сите кои сакаат да донираат можат тоа да го сторат преку следниот линк: