Кабелските оператори не се согласни со намерата на Владата да го финансираат таканаречениот Фонд за медиуми кој неодамна го најави министерот за информатичко оопштество Дамјан Манчевски.
„Ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата која граѓаните на нашата држава во овие тешки времиња ќе мора да ја поднесат. Доколку Владата ја донесе уредбата со законска сила со која ќе се формира Фонд за поддршка на „профитабилни„ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници, или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните“, се вели во соопштението на Здружението.
Инаку, вчера сопственикот на „Телекабел“ Роберт Димитров, преку соопштение изјави дека петте национални телевизии „Сител“, „Канал 5“, „Телма“, „Алсат“ и „Алфа“ прават притисоци врз претставници на Владата да им обезбедат пари од операторите.