Татјана Јованчевиќ многумина ја паметат по учеството во реалното шоу „Големиот брат“ во кое учествуваше пред 10 години. Вниманието во јавноста таа го привлече поради болеста на 23 години кога и била и ампутирана ногата, а седум години подоцна преживеа вистински пекол. Имено таа во 1996 година останала без својата нога откако и дијагностицирале тумор во коленото.
Нејзината мајка за време на нејзиното учество во реалното шоу раскажа и страшни детали за нејзиното детство. Како што Гордана тогаш раскажала нејзината ќерка Татјана на 16 години била чувана три месеци во подрум од страна на нејзините баба и дедо, а потоа успеала да избега. Од друга страна нејзиниот татко за кого таа и нејзината мајка тврдеа дека ги избркал на улица во 2009 велеше дека тоа се измислици.
Татјана денеска работи во козметички салон, но и понатаму жали за пропуштените работи во животот.
-Пред 27 години добив лента за најубава девојка, Мис Босна и Херцеговина со само 16 години. Требаше да излезам на избор за Мис Југославија во септември истата година, ги одбив, одбив и една модна куќа, раскажува таа и додава дека животот и се распаднал откако стапнала во Белград.
Се вратив од распустот од кај баба ми и дедо ми и одеднаш започна да ми се крши животот. Татко ми најде некоја жена која веќе беше во брак, му се всели зло во станот, а мене ме избрка на улица поради неа, бев вишок. Секој ја бира својата судбина, а јас бев глупа, бидејќи не избрав да одам по другиот пат. Добив и втора задача, борба со пеколна болест и тумор, останав без дел од моето тело, раскажува таа на својот Фејсбук профил.