Доктор Ненад Лазаров, кој од почетокот на пандемијата е во првите борбени редови во борбата против коронавирусот, со Фејсбук статус даде акцент на неодговорното однесување на младите кои летуваат на Охрид, особено деновиве за време на продлжениот викенд кога видливо е дека ситуацијата излегува од контрола.
„И ја утре треба да влезам во скафандер и на 35°c да прегледувам “прехладени” тинејџери што биле на викенд во Охрид, а што ќе ми ги носат загрижени мајки заради 37.1 температура?
И да, ќе има има реконвалесценти од акутни алкохолни интоксикации а не стомачни вируси и тровања со храна, без блефирање.
Не се прехладени “децата”, “пресисани” се!
Каков примитивизам видов од млади луѓе, само нагони ги водат, со чесни исклучоци…
Напрајте и по некој тест на урина, не се пие толку алкохол “на голо”, премногу пари им давате очигледно.
Bad parenting викаат Енглезите, си ги гледате ли како ви се облечени децата воопшто, ако ништо друго?
После ви е крива инспекција, полиција, здравство, сѐ ви е криво за вашиот личен неуспех ко родители, зошто така е полесно!
Па и ја што сум бил у таверна со жена и дете ќе ви бидам крив, само вие не!“, напиша д-р Ненад Лазаров.