Кристина Арнаудова и здружението Проект среќа ја започнаа хуманитарната акција “И јас сум Дедо мраз“. Традиционално, и оваа година, јавните личности и компаниите ќе донираат новогодишни подароци за децата кои живеат во социјален ризик. Подароците, на домашна адреса на децата ќе им ги донесе Дедо мраз.
“Возбудена сум, трема да ме фаќа. “И јас сум Дедо мраз“ за 2018 започнува сега. Ајде дечки, да ставаме насмевки на лицата на децата. Тоа е можеби единственото во кое со сигурност, ако сакаме, ќе успееме”, вели Кристина Арнаудова.
Во ланската акција учествуваа повеќе познати пејачи, актери, спортисти…