По 14 години врска еден од најпознатите шпански тенисери, Рафаел Надал (33) во јануари, ја запросил девојката Марија Перелло (31).
Шпанските медиуми пишуваат дека познатиот тенисер и Марија пред олтарот ќе застанат на 19. октомври во малото гратче Поленси, на брегот на Шпанија, Наводно, парот изнајмил цел луксузен комплекс во градот кој вклучува бројни предности како што се базени, приватни соби и хелиодром, пишува Majorca Daily.
На свадбата би требало да дојде и шпанскиот крал Хуан Карлос (81) со кого Надал е во многу добри односи, приватно.
Парот е заедно од 2005. година, но се запознале многу порано. Циска, како што ја викаат пријателите, е дипломиран финансиски стручњак, а работи како водител на проектот на хуманитарната организација на нНдал. Не е типична жена на спортист ниту кога станува збор за социјалните мрежи и нема службени профили ниту на Фејсбук ниту на Инстаграм.