Потрагата по најпознатиот хрватски бик, Џери, кој избегал од кланицата, трае со денови, а во потрагата ќе биде вклучена и авицијата. Бикот избегал од кланицата во петокот и сè уште не е пронајден, а според „Слободна Далмација“, во потрагата по Џери ќе учествува дрон со инфрацрвени зраци.
Ова го најави Иван Божиќ, уверен дека неговиот бик ќе се најде брзо.
Петар Скејо, сопственик на кланицата од која избегал бикот, ги открил специјалните тактики на трагачите.
Трагачите, всушност, се обидуваат да го намамат Џери со тоа што ќе му донесат крави на местата каде што е виден, за да почувствува женка.
Скејо вели дека Џери е многу брз и вешт.
Џери ги освои симпатиите на граѓаните, кои апелираат да не заврши повторно во кланицата, а целата потрага доби своја приказна на социјалните мрежи и во странскиот печат