Против радовишанец е поднесен обвинителен акт за кривично дело „трговија со дете“, бидејќи купил 15-годишно девојче за сума од 1.600 евра, со намера да ја ожени. Да биде бизарноста поголема, девојчето било продадено од нејзин роднина, кој нема ниту 18 година.
-ОЈО за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека обвинетиот македонски државјанин во април годинава со намера да се ожени, ја купил петнаесетгодишната жртва за сума од 1.600 евра од нејзиниот малолетен роднина, иако знаел за возраста на девојчето. Малолетникот ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на претходно договорен присилен брак, со измама ја земал и ја однел на договореното место. Осомничениот ја исплатил побараната сума и употребувајќи физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба го повел со себе девојчето кое пружало отпор. Жртвата искористила прилика и во погоден момент избегала и се јавила на своите родители, – соопштија од обвинителството.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинениот.