Имено таа толку многу киваше што воопшто не ѝ било лесно да се вклучи во програмата, очите ѝ солзеа и ѝ предизвикаа проблем со шминката, а трпела и силни главоболки. Подоцна, таа пред своите придружници на Инстаграм, држејќи шолја чај, беспрекорно облечена сподели информација дека имала напад на алергија.
-Вторник. Поспано го почнувам. Тешко ги отворив очите кои постојано ме чешаат поради алергија на ајдучка трева. И не само што несвесно ги триев во текот на ноќта, туку рано изутрина почнав да солзам…Ова се некои невидливи работи за гледачите, а верувам дека многу луѓе имаат слични проблеми. Никој не е поштеден.Сигурно не ви се случило да кивнете среде читање вести, мене ми се случи. Бидејќи алергијата не прашува дали сум во студио или надвор од него. 🙄 Во суштина, тоа се само мали утрински проблеми и нема нервози околу тоа. Насмевнете се и терајте понатаму! – напиша Маја.
–