Канадската пејачка, Селин Дион (54), која важи за еден од најдобрите светски вокали е толку слаба што изгледа морничаво. Низ тенката кожа речиси ѝ се гледаат коските, а меѓу нејзините обожаватели се шпекулира дека е тешко болна, но дека тоа го крие.
Нејзината здравствена состојба беше сериозно нарушена по серијата трагедии кои ја снајдоа. На почетокот на 2016 година на раце ѝ почина нејзиниот сопруг Рене Анжели, а два дена подоцна почина и нејзиниот брат Даниел. И двајцата починаа од рак на грлото, а само неколку месеци подоцна несреќната уметница дозна дека и нејзината сестра боледува од оваа тешка болест. Трагедиите што ја снајдоа беа запечатени со смртта на нејзината мајка пред две години, по што состојбата на Селин сè повеќе се влошуваше.
Како што пренесуваат светските медиуми, таа во октомври минатата година ненадејно ги откажала концертите во Лас Вегас, но и планираните настапи на американската и европската турнеја.
Тогаш и самата изјавила дека боледува од „тешки и постојани мускулни грчеви“ кои ја принудиле да се откаже од настапите. Набргу потоа се огласи и нејзината сестра Клодет, која објасни дека здравјето на нејзината сестра не е загрижувачко.
Во меѓувреме, нејзиниот физички изглед дополнително се влоши. Сега изгледа, што би рекол нашиот народ, како да не тежи повеќе од 30 кила сосе креветот.
И покрај тоа, пејачката најави враќање на сцената, по повеќе од една година пауза, со серија концерти како дел од европската турнеја во 2023. Првиот настап ќе биде на 24. февруари во Прага, а се планира европската турнеја да трае до октомври.
Во меѓувреме, таа на својот Инстаграм профил објави дека ја снимила музиката за романтичната комедија „Love Again“ со Сем Хјуан и Пријанка Чопра во главните улоги, а премиерата е закажана за 12. мај 2023 година.