Поранешниот пратеник и екс новинар Сафет Бишевац е позитивен на коронавирусот. Информацијата ја сподели на Фејсбук и напиша дека ги почитувал мерките на заштита.
“Почитувани пријатели,
Тестирањето покажа дека сум ПОЗИТИВЕН на Ковид-19.. За жал , нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита.. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем..
Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во излолација и под надзор на матичниот лекар“, напиша Бишевац.
Инаку, Сафет Бишевац е кандидат за пратеник од опозициската ВМРО ДПМНЕ.