Пратеничката и екс потпретседателката на Собранието и на СДСМ Фросина Ременски и татко му на Боки 13, Миле Јовановски кои денеска даоа искази пред судија на претходна постапка откако вчера бе осомниченИ со проширената истрага за случајот „Рекет“, не чувствуваат вина.
Во кратката изјава за ТВ21 која ја даде по распитот, Миле Јовановски, рече дека не знае зошто е осомничен. Тој додаде дека не чувствува вина и негираше дека присуствувал на состаноците за изградба на домови.
Претходно на распит беше и пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, која исто така пред новинарите рече дека не чувствува вина.
-Не се чувствувам виновна,- рече потпретседателката на Собранието Фросина Ременски
Против нив се бараат мерки на претпазливост, како одземање на патната исправа и забрана за напуштање на живеалиштето, за кои судот треба да одлучи денеска.