Славниот актер Роберт Патинсон се прослави со филмот „Самрак“, а беше и официјално прогласен за најубав маж на светот, благодарение на математичкиот златен пресек.
Многу жени се согласуваат дека актерот е еден од најзгодните, додека има и такви што тврдат дека има многу поубави актери од него. Исто така, многумина се прашуваат како е возможно најубавиот маж да нема среќа во љубовта.
Актерот своевремно беше во врска со колешката Кристен Стјуарт и важеа за омилена двојка во Холивуд, но сликата за безвременска љубов се распадна на парчиња кога на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои актерката е во страсна прегратка со нејзиниот „претпоставен“ – 19 години постариот режисер на филмот „Снежана и ловецот“, Руперт Сандерс, кој тогаш бил оженет.
По големиот срам што му го приреди, Кристен набрзо се покаја и јавно му се извини на Роберт, кој ја остави поради аферата, но по подолго размислување повторно ѝ се врати во прегратка.
И покрај тоа што сите мислеа дека љубовната врска со Стјуарт ќе биде успешна, таа се распадна. Потоа, следеше нов удар од нејзина страна. Имено, Кристен почна да се гледа со девојки.
Откако повторно раскина со Роберт, актерката почна да излегува со девојки, а актерот некое време беше соло. Еден период беше во врска со пејачката на FKA Twigs, беа дури и свршени, но односот повторно доживеа крај. Се чини дека не им верувал многу на девојките сѐ додека во неговиот живот не се појавила убавата Суки Вотерхаус.
Таа пред него во 2015 година ја раскинала свршувачката со Бредли Купер, а наводно им пресудила неговата мајка, со која актерот има необичен однос, и која го има главниот збор за сите негови девојки.
Роберт и Суки си ги лечеле љубовните рани, а со текот на времето нивните емоции станувале сѐ посилни. Сепак, се криеле од јавноста, поучени од искуствата со претходните врски.
Всушност, заедно на јавен настан се појавиле дури по 4 години врска, иако папараците ги фотографирале одвреме-навреме за време на нивните прошетки.
И покрај тоа што конечно заплови во мирно море, многумина се прашуваат зошто сѐ уште не се оженил, а злите јазици тврдат дека и оваа врска ќе доживее крај.
Да се потсетиме, според златниот пресек, актерот беше прогласен за најубав маж, земајќи предвид одредени параметри. Истражувањата покажале дека токму лицето на Роберт Патинсон 92,15 отсто се вклопува во златниот пресек на убавината. Меѓу сите познати лице што биле анализирани, актерот однел убедлива победа. Според параметрите, Роберт Патинсон има совршена положба на очите, челото, должина и ширина на носот, усните, брадата, како и облик на лицето.