Новак Ѓоковиќ ја имаше и првата објава откако е на слобода.Тој вели дека е благодарен на судот во Мелбурн кој му ја врати визата.
„Задоволен сум и благодарен што судијата ми го поништи укинувањето на визата. И покрај сето тоа што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тоа. Дојдов овде за да играм на еден од најважните настани што ги имаме пред неверојатните навивачи. Во моментов не можам да кажам ништо повеќе освен големо благодарам за сите што ме поддржаа“, напиша Ѓоковиќ на Твитер.