Доколку обвинителството обезбеди докази во истрагата за други лица, и за нив ќе има одговорност, уведи обвинителот Љубомир Јовески на прес-конференција денеска откако сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски беше уапсен на граница.
Јовановски по налог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал денеска е задржан на испрашување. Тој бил приведен на еден од граничните премини. Уапсено е уште едно лице.
Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Примање награда на незаконит начин, за кое се собрани повеќе вербални и материјални докази, изјави на прес конференција обвинителката Вилма Рускоска.
Од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело посттапка.
Од лицето на кое му помогнале во неколку наврати примиле еден и пол милиони евра како поткуп.
За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда.
Откако се посомневале дека средбите со него може да бидат компромитирани, веќе не одржувале средби .
Првосоомничениот се сомничи и за перење пари, што значи дека нелегално земените пари ги користел за лични задоволства, одмори, облека и друго.
Инаку денеска беа приведени на информативен разговор Бојан Јовановски, неформален сопственик на 1 ТВ и Зоран Милевски викан Кичевец.
Обвинителството побара притвор за двајцата осомничени.
На прес-конференцијата не беше прецизирано дали тој обвинител е од СЈО или од ОЈО.