И НАЈЗГОДНАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ ИМА ЦЕЛУЛИТ: Алесандра Амбросио вака изгледа без фотошоп (ФОТО)

by Тони Зографски

Алесандра Амбросио веќе со години важи за една од најзгодните жени, а на нејзиниот изглед се восхитуваат голем дел од девојките ширум светот.

Најчесто можевме да ја видиме на насловните страници на магазините каде изгледа совршено благодарение на Фотошоп.

Сепак, дури и најзгодната на светот има несовршености. Алесандра папарацо фотографите ја фотографирале додека уживала на плажа во Мајами, а објективот на фотоапаратот ги забележал сите недостатоци на нејзиното тело.

Баш како и секоја друга жена, така и Алесандра има целулит и опуштена кожа на стомакот, но и по некоја стрија.

Фотографиите со брзина на светлината го обиколиле светот, а ниту коментарите не изостанале.

Имало и негативни коментари, но да се посветиме на оние „подобрите“. Некои велат дека совршенството не постои и дека тоа што ни се сервира на социјалните мрежи не е реална слика.

Секоја од нас има по некоја брчка, целулит на некое место или пак вишок килограми, но тоа не е ништо лошо. Несовршеностите се тоа што нè разликува и на секоја од жените им дава посебност.

„Има целулит, а и натаму е најзгодна. Мене не ми е срам“, „Треба да се пласираат повеќе вакви фотографии за младите девојки да сфатат дека не е можно да изгледаат перфектно секогаш и дека тоа е нормално“, се само дел од коментарите.

останати вести