Руската вакцина Спутник V против Ковид-19 е ефикасна повеќе од 90 проценти, изјави денеска директорката на истражувачкиот институт при руското Министерство за здравство, Оксана Драпкина, повикувајќи се на податоците собрани од вакцинацијата на граѓаните, а не врз основа на моменталното испитување.
Нејзината изјава уследи по објавата на компаниите Fajzer Inc и BioNTek, кои наведоа дека нивната експериментална вакцина против ковид-19 е ефикасна повеќе од 90 проценти, објави Ројтерс.
„Ние сме одговорни за следење на ефикасноста на вакцината Спутник V кај граѓаните кои ја примиле како дел од програмата за масовна вакцинација“, рече Драпкина.
„Врз основа на нашите согледувања, нејзината ефикасност е исто така поголема од 90 проценти. Појавата на уште една ефективна вакцина – тоа е добра вест за сите“, истакна Драпкина.