Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5 и во Ресен-5. Во ГОБ „8 Септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од кои во Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1 и во Ресен-5.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.550. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 3.134, активни 2.049
Куманово 760, активни 211
Дебар 96, активни 44
Штип 347, активни 160
Прилеп 263, активни 37
Тетово 714, активни 394
Струга 225, активни 140
Велес 186, активни 40
Битола 54, активни 20
Охрид 174, активни 150
Кавадарци 18, активни 12
Гостивар 122, активни 66
Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 15, активни 10
Крива Паланка 15, активни 9
Радовиш 4, активни 0
Крушево 6, активни 3
Кочани 69, активни 22
Пробиштип 19, активни 11
Демир Хисар 2, активни 1
Македонски Брод 5, активни 3
Пехчево 6, активни 3
Берово 2, активни 0
Валандово 6, активни 2
Виница 3, активни 0
Делчево 1, активни 0
Кратово 4, активни 1
Свети Николе 30, активни 26
Кичево 35, активни 29
Ресен 108, активни 94
Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17, Систина со PCR метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1.
Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти, а на респираторна машина се 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, додека во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.