Нема да има олеснување на мерките кои се на сила, а со цел спречување на ширење на коронавирусот во Македонија, објави „Алсат“.
Штотуку заврши состанокот на Комисијата за инфективни болести и поради зголемувањето на бројот на заразени лица, „Алсат“ неофицијално дознава дека нема да има олеснување на мерките.
Членовите на Комисијата одлучиле за ова тема да дебатираат од понеделник.
Денеска има 36 новозаболени од ковид-19 во земјата соопшти претходно Министерството за здравство.