Една жена од Лондон, на која мајка ѝ и го одзела сопругот, вели дека никогаш во животот нема да и прости за тоа што и го уништила бракот, а потоа добила дете со нејзиниот сопруг.
Лорен Вол (34) се омажила за Пол Вајт кога имала 19 години. Нејзината мајка Џули, која сега има 53 години, издвоила 17.500 евра за венчавката на нејзината ќерка, а благодарната Лорен ја однела на двонеделен меден месец со сопругот. Ова се покажа како фатална грешка, бидејќи само осум недели подоцна нејзиниот сопруг се иселил од заедничкиот стан. Девет месеци подоцна,мајката Џули објави дека очекува бебе со својот поранешен сопруг.
“Пол секогаш добро се дружеше со мојата мајка. Мислев дека не е чудно бидејќи таа беше негова баба. Тие секогаш се смееја заедно, но не ми беше грижа, зошто би ми било ?” изјави Лорен за „Дејли мејл“.
Таа рече дека едвај чекала да започнат заедно да живеат, но дека забележала промени во неговото однесување многу брзо по свадбата. Почнал да го крие мобилниот телефон, а неколку недели подоцна нејзината сестра ја нашла нивната преписка на мобилниот телефон на нејзината мајка.
„Мама негираше, рече дека сум луда. Кога се соочив со Пол , тој пребледе и одби да ми го покаже телефонот“, рече таа.
Само неколку дена подоцна, тој ги напуштил Лорен и нивната седуммесечна ќерка. Кога слушнала дека се преселил со нејзината мајка, таа не можела да поверува дека двајцата што таа најмногу ги сакала и на кои најмногу им верувала, така ја прелажале .
“Се чувствував лошо. Тоа е една од најлошите работи што мајка може да ја направи на својата ќерка. Пол можеби е таков човек, но таа е мајка ми. Таа треба да ме сака и да ме чува повеќе од сите”, вели Лорен.
Таа откри дека прво слушнала озборувања за нејзината мајка дека е бремена со својот поранешен сопруг , но не верувала се додека не ја видела мајка си со труднички стомак.
„Не можев да верувам кога ја видов. Се чувствував лошо , отидов дома и ги уништив сите свадбени фотографии“, рече таа.
Само девет месеци откако Пол ја напушти, мајката го роди своето бебе.
– Се обиде да ме убеди дека таткото на детето е некој друг, но ја знаев вистината. Пол и мама открија дека се заедно тоа лето и мојот свет се распaднa – рече Лорен.
На крајот Пол се оженил со Џули, а самата Лорен била на свадбата заради нејзината ќерка што ја имала со Пол.
Лорен за медиумите изјавила дека нејзината мајка се извинила и имаат некаков однос, но Пол никогаш не се извинил.