Луѓе се шетале со моторни пили низ ходниците на РТС по упадот на дел од опозицијата во зградата на јавниот сервис. Генералниот директор на РТС, Драган Бујошевиќ, им се извини на гледачите затоа што не можеа да бидат емитувани одредени емисии.
Во второто обраќање пак пред јавноста синоќа, министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека никој во Србија нема нацилно да ги решава проблемите, да уништува сопственост и да им се заканува новинари. Полицијата смирено ја решила оваа ситуација, а имало напади врз полицијата и едно лице е приведено поради шутирање на полицаец, изјави Стефановиќ во Палатата Србија на вонредна конференција
Инаку, опозицијата е незадоволна од работата на јавниот сервис и бара рамноправна застапеност на нејзината програма.